Таравари: Одговорност и одговори за смртта на 14 месечното бебе ќе има

Четиринаесетмесечното бебе кое вчера (6 октомври) почина на Детската клиника во Скопје претходно било одбиено за сместување на клиниката, како што тврдело и семејството. Ова го потврди министерот за здравство, Арбен Таравари и порача дека мора има одговорност.

Zito akcija 640x289px

„Вратено било, за жал. Дали поради лекарска грешка или незнаење треба да се констатира. Дефинитивно треба да има одговорност. Меѓутоа не очекувајте од мене уште од денеска да судам како било. Дозволете соодветните органи во државата да испитаат се во детали. На крајот некој мора да сноси одговорност кога има вакви трагични случаи во здравствениот систем“, изјави министерот за здравство, Арбен Таравари.

Agria

Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ), како што велат од Министерството, согласно надлежностите ќе изврши вонреден инспекциски надзор во двете здравствени установи каде починатото бебе било лекувано.

За да се утврдат причините за смртта, Министерството за здравство ќе иницира комисија за стручен надзор на оваа клиника, но и на Универзитетската клиника за респираторни заболувања кај децата во Козле. Најави дека комисијата која ќе ги истражува и причините за тоа зошто бебето не било хоспитализирано претходно, ќе биде формирана утре (7 октомври).

„Од Клиниката информираат дека е хоспитализирано со тешка респираторна инфекција, тешка општа состојба и засегнати витални функции. Настапило рапидно влошување на состојбата, со отежнато дишење, со пад на сатурација “, стои во вчерашното соопштение од Министерството за здравство.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: