Во скопската населба Сарај, во текот на вчерашниот ден, татко си го прегази двегодишниот син додека го паркирал автомобилот.
Според соопштеното, детето било прегазено од Б.М (29) кој се обидувал да ја паркира својата кола во дворот на семејната куќа. Додека се движел со колата тој не го забележал двегодишниот син.
Во болницата само е констатирана смрт. На местото на настанот увид извршила екипа од СВР Скопје, а по наредба на јавен обвинител телото на починатото дете е предадено за обдукција.
Можеби ќе ве интересира: