До 19 часот и 30 минути вечерва можат да се поднесат приговори за сумирањето и утврдувањето на резултатите од предвремените парламентарни избори 2020, откако вчера до ДИК пристигнале 82 приговири и едно барање за увид во неважечките ливичиња од гласањето, соопшти Државна изборна комисија.
Адмир Шабани портпаролот изјави дека најголем број од приговорите се од Алијанса за Албанците – Алтернатива (74) а два има од ВМРО-ДПМНЕ кои се однесуваат на сумирањето на резултатите од гласањето. Вчера до 21 часот траеше рокот за поднесување на приговори за постапката на гласање.
Роковите за приговори почнаа да течат вчера вечер, откако Државната изборна комисија ги објави неофицијалните конечни резултати од изборите.
Оливер Дерковски изјави дека по завршувањето на роковите за поднесување приговори, Државната изборна комисија ќе закаже јавна седница на која ќе ги разгледува и ќе одлучува за нив.
Во средата во Северна Македонија беа одржани предвремени парламентарни избори во услови на пандемија на коронавирусот, а се гласаше под исклучително заштитна опрема на себе.
Можеби ќе ве интересира: