Тече исплатата на правата од социјална и детска заштита

denari pari

Министерството за труд и социјална политика информираше дека од вчера е запопочна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за октомври 2021 година.

Zito akcija 640x289px

Корисниците на парични права коишто поседуваат дебитна картичка ќе можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство од денеска, 1 ноември 2021 година.

Agria

Со цел да се избегне метеж пред банките и да се овозможи поголема заштита на корисниците на парична помош во услови на опасност од вирусот Ковид-19, за корисниците кои не користат картички, исплатата ќе се спроведе во 2 групи во сите отворени филијали и експозитури на банките, согласно со утврдениот распоред по азбучен ред, според првата буква од презимето и тоа:

01.11.2021– А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ; И, Ј, К, Л, Љ,

02.11.2021– М, Н, Њ, О, П, Р С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/24856/svezho-oblachno-i-vrnezhi-od-dozhd/