Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Попладне во јужните делови ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб ветер претежно од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 22, а максималната ќе достигне од 31 до 38 степени. УВ индексот ќе биде 8.
До понеделник ќе се задржи многу топло време. Во понеделник кон крајот на денот и во вторник се очекува променливо облачно и нестабилно време со повремен пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме.
Дневните температури од вторник ќе опаднат за неколку степени.
Можеби ќе ве интересира: