Тензии во Косово, уапсен поранешниот припадник на косовската полиција Дејан Пантиќ

kosovo nemiri

Тензиите на Косово продолжуваат и денеска. Србите кои живеат во овој дел од земјата во текот на вчерашниот ден ги блокираа приодите кон преминот Јариње откако претходно беше уапсен поранешниот припадник на косовската полиција Дејан Пантиќ. Косовската полиција во текот на вчерашниот ден го блокираше преминот и не дозволуваше никаков сообраќај, објаснувајќи притоа дека тоа се прави во насока на одржување на редот и мирот на Косово.

Zito akcija 640x289px

По тој повод вчера во обраќање до јавноста се произнесе и српскиот претседател Александар Вучиќ кој порача дека ќе побара од КФОР враќање на српските безбедносни сили во земјата повикувајќи се притоа на резолуцијата 1244 и обвинувајќи дека косовските власти ги прекршиле сите договори постигнати до сега.

Agria

На Србите на Косово им порача дека „нема и нема да има предавање“, тврдејќи дека тие се „принудени на барикади“.

осовската полиција соопшти дека постои сомневање дека Пантиќ учествувал во инцидентот од 6 декември кога беа демолирани просториите на Централната изборна комисија на Косово во Северна Митровица и Зубин Поток.

„Пораката до сите останати е да се формира ЗСО (Заедница на српски општини), да се почитуваат правата и слободите на Србите и Србија и да се однесуваме во согласност со потпишаните договори и меѓународното право, бидејќи тоа е единствениот начин да се започне нормализирање на односите и животите на сите нас“, напиша Вучиќ на социјалната платформа Инстаграм.

Косовскиот премиер Аљбин Курти на 10 декември изјави дека барикадите на северот од Косово треба веднаш да се отстранат и дека косовските власти се во постојан контакт со мисијата на НАТО, КФОР.

Косовскиот премиер ги повика САД и Европската унија да го осудат, како што рече, „организираното насилство“ и оцени дека секоја друга акција „ќе го поттикне официјален Белград дополнително да го дестабилизира Косово“.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/34731/kolovozite-vlazhni-preporachana-vnimatelnost-osobeno-na-patishtata-so-rizik-od-odroni/