Тепачка пред кафе бар во спортската сала „Гемиџии“ се случила ноќеска, половина час по полноќ. Се степале четворица млади луѓе, двајца велешани и дцајца жители на селото Горно Оризари.
„На 16.07.2020 околу 00.30 часот во СВР Велес било пријавено дека пред кафе бар во СРЦ „Гемиџии“ во Велес бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу С.К.(19) и Х.К.(21), двајцата од с.Горно Оризари, велешко, од една страна и С.П.(18) и С.Н.(22), двајцата од Велес, од друга страна”, соопшти Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.
По целосно документирање на случајот, полицијата ќе поднесе соодветна пријава.
Можеби ќе ве интересира: