Тешка сообраќајна несреќа на автопатот Градско-Велес

policija svetla

Рано утрово, поточно во 04.40 часот се случила тешка сообраќајна несреќа на автопатот Градско-Велес, информираат од АМСМ преку писмено соопштение испратено до медиумите. 

Zito akcija 640x289px

„Од 04:40 часот, поради случена сообраќајна незгода на автопатот Градско-Велес, сообраќајот е во прекин“, стои во известувањето на надлежните институции.

Agria

Само по час и половина, пристигна уште едно известување, во кое е потенцирано дека сообраќајот е нормализиран. За состојбата на повредените повеќе информации очекуваме наскоро. 

На граничните премини, од македонска страна, утринава нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/31205/amsm-informira-kakva-e-sostojbata-na-granichnite-premini/