Тешко повреден мотоциклист во судар со автомобил

motor

Тешка сообраќајна несреќа се случи вчера во Неготино, кога се судриле скутер и автомобил. Во несреќата мотоциклист бил тешко повреден, по што бил пренесен во болница.

Zito akcija 640x289px

„На 05.07.2020 во 16:15 часот било пријавено дека во Неготино, на крстосницата на улиците „Маршал Тито“ и „Борис Кидрич“, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „рено меган“, со велешки регистарски ознаки, управувано од Р.Н. (74) од Неготино и мотоцикл „хамачи“, со неготински регистарски ознаки, управуван од Д.Ѓ. (33) од Неготино“, соопшти Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.

Agria

Лекарите од кавадаречката болница, каде што мотоциклистот бил пренесен, констатирале тешки телесни повреди. Полицијата извршила увид на местото на незгодата.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/7940/107-veleshani-vikendov-zarabotile-kazni-za-nenosene-maska/