„Тесла“ ќе повлече 362.000 автомобили во САД поради дефект

Американската компанија „Тесла“ објави дека ќе повлече 363.000 електрични автомобили од пазарот поради дефекти во новата верзија на софтверот наменет за овој автомобил.

Содржината продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

Според Financial Times, повлекувањето на автомобилот ги опфаќа Model S и Model X произведени помеѓу 2016 и 2023 година, како и Model Y произведен во 2020 година.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

„Регулаторното тело на Соединетите Американски Држави нагласи дека пропустите во новата верзија на софтверот може да предизвикаат несреќи“, пишува британскиот весник.

„Тесла“ лани продаде 1,3 милиони возила ширум светот. Повлекувањето се однесува на секое возило што ја содржи бета верзијата на софтверот за целосно автономно возење. Инаку, компанијата на корисниците им наплатува дополнителни 15.000 долари за инсталирање на овој софтвер.

Инаку, софтверот кој овозможува автономно возење е во состојба да ја менува лентата за време на возењето, иако возачот сепак мора да внимава на ситуацијата во сообраќајот.

„Сепак, американските регулатори објавија дека софтверска грешка може да предизвика проблем кога возилата влегуваат на раскрсници. Возилата може да се движат директно низ раскрсниците од лентата за вртење, да не застанат на знакот СТОП или несовесно да возат низ жолто светло на семафор“, се образложува во одлуката.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/34412/dechko-od-somalija-dal-otkaz-za-da-patuva-niz-svetot-i-ostanal-vo-makedonija/