Тестирање со брзи антигенски тестови од денеска на шест пункта во Скопје

Testiranje Stip
Testiranje Stip

Министерството за здравство информира дека од денеска на шест пункта во Скопје се врши тестирање со брзи антигенски тестови. Тестирањата се вршат во поликлиниките „Ѓорче Петров“,  „Чаир“, „Ченто“, „Бит Пазар“, „Јане Сандански“ и „Млин Балкан“.

Zito akcija 640x289px

„Овие тестови се за детектирање на коронавирусот, а не на антителата. Резултатите од брзиот тест се добиваат за 10 до 15 минути. Брзите тестови ги закажува матичниот лекар, според претходно одреден алгоритам, а еден од критериумите е симптомите на Ковид-19 да не траат подолго од пет дена од почетокот до тестирањето. Алгоритамот за тестирање е направен според препораките на СЗО, а матичниот лекар според земената анамнеза прави процена дали на пациентот ќе му се земе брис за ПЦР тест или за антигенски брз тест“, објаснуваат од Министерството за здравство.

Agria

Термините за тестирање со брзи тестови ќе одат преку „Мој термин“. Од Министерството напомнуваат дека и доколку брзиот тест е негативен, но симптомите сугерираат на Ковид-19, тогаш матичниот лекар може да процени да направи дополнително и ПЦР тест.

„Брзите тестови ќе го зголемат капацитететот за тестирање на коронавирусот. Министерството за здравство се труди за што поголем број на тестирања се со цел регистрирање на позитивните случаи и ниво навремено третирање и изолирање од околината. Министерсвото за здравство континуирано ќе го зголемува капацитетот како на тестирање со ПЦР така и на тестирање со брзите тестови на територијата на целата држава“, информираат од министерството.

Извор: libertas

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: