Со чаша убаво вино и многу насмевки низ улиците, одлична музика и вкусна хранa, вака пулсираше Кавадарци во изминативе три дена на познатиот и надалеку прочуен „Тиквешки гроздобер“.
Содржината продолжува под рекламата
Насмеани луѓе, деца, старо и младо од сите страни на земјава, но и од странство, дојдоа во градот на виното каде што градоначалникот Митко Јанчев и општината Кавадарци се покажаа како добри домаќини, приредувајќи им незаборавна дружба и многу содржини за кои долго ќе се раскажува.
Содржината продолжува под рекламата
Првата вечер помина со настапот на изведувачи кои ја анимираа пред се помладата публика, Андријана Јаневска, ДНК, Слаткаристика и Зера. На втората гроздоберска вечер публиката ја забавуваа Барбара Ракичевиќ, Марта Станојковиќ, Харис Џиновиќ и Халид Бешлиќ.
Гроздоберот кулминираше синоќа со настапот на балканската ѕвезда Лепа Брена. Бројната публика, kоја дојде од целиот регион, пееше од почеток до крај со Брена, која пак, доаѓа во Кавадарци после триесетина години.
Можеби ќе ве интересира: