Тинејџер од Велес грабнал малолетничка и ја однел дома каде два месеци ја силувал – две други лица ја тепале!

semejno nasilstvo

Грабнато 17-годишно девојче од Скопје, два месеца силувано и тепано. Велешката полицијата реши грозоморен случај во Велес.

Содржината продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

СВР Велес до Основното јавно обвинителство Велес поднесе кривична пријава против 17-годишник со привремено престојувалиште во Велес поради постоење на основи за сомнение за сторени две кривични дела „грабнување“, казниво по член 141 од Кривичниот законик и „полов напад и силување“, казниво по член 186 од Кривичниот законик и против К.Е.(39) и А.Е. (46-годишна), двајцата со привремено место на живеење во Велес, поради постоење на основи за сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“, казниво по член 130 ст.2 од Кривичниот законик, соопштија од СВР Велес.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Во текот на месец мај 2024, малолетникот против нејзината волја однел во својот дом во Велес 17-годишна малолетничка од Скопје, каде во текот на два месеци во неколку наврати имал сексуален однос со неа, а К.Е. и А.Е. во неколку наврати физички ја нападнале. Тие биле лишени од слобода и по документирање на случајот, поднесена е кривична пријава.

Можеби ќе ве интересира: