Министерот за внатрешни работи во интервју за ТВ Телма оценува дека постојат политички „лешинари“ кои преку проблемот со црквата во Галате предизвикуваат меѓуетнички тензии што според него е доказ за наводите за дестабилизација за што новата влада и премиерот предупредуваа. Неуспешен е нивниот обид, а МВР ќе преземе мерки за целосно спречување на било какви обиди за ширење на меѓуетнички тензии, вели Тошковски.
За расчистувањето на околината на црквата во Галате во општина Врапчиште, немале информации ниту во МПЦ, тврди министерот.
„Сето она што настана, согласно она што го видов, барем на јавно објавените снимки, не е ништо друго туку само еден неуспешен, слободно можам да кажам, обид, за погревање на меѓуетнички тензии. Обидот на одредени политички лешинари во текот на вчерашниот ден да подгреваат, да хушкаат, да извртуваат фактичка состојба во насока на меѓуетнички тензии. Ако ова не е доказ дека она што сме го говореле изминатиот период, од аспект на тоа дека ќе има обиди во овој временски период, во насока (на дестабилизација) тогаш не знам што би било“, вели министерот Тошковски во интервјуто за ТВ Телма.
Можеби ќе ве интересира: