Жител на неготинското село Тимјаник го пронашол својот дедо мртов, откако тракторот кој го управувал се превртел и го згмечил.
Несреќата се случила вчера, кога на 70-годишниот С.Р. од селото Тимјаник, излегувајќи од својот лозов насад, тракторот му се превртел и го згмечил.
Во полиција пријавил сожител на внукот. Кога полицијата синоќа стигнала, го пронашла мртвиот човек, под превртениот трактор.
„На 03.07.2020 во 20.20 часот во Полициска станица Неготино, Ѓ.В. (52) од с. Тимјаник пријавил дека во место викано „Бели Брест“ во близина на неговиот лозов насад од страна на Ј.М. сожител од с.Тимјаник бил пронајден неговиот дедо С.Р.(70) од с.Тимјаник со превртен трактор без знаци на живот. На местото на настанот излегла увидна екипа од Полициска станица Неготино и доктор од итна медицинска помош Неготино при што констатирале дека при излегување од нива кон колскиот пат со мала удолница тракторот се превртел, и С.Р. бил потиснат од возилото“, соопшти МВР.
Лекар кој пристигнал на местото на настанот констатирал повреди, од кои човекот починал. За настанот е запознат и јавен обвинител.
Можеби ќе ве интересира: