Трамп првпат во јавност со заштитна маска

Trump_mask
Donald Trump

Претседателот беше во посета на воената болница Волтер Рид надвор од Вашингтон, каде што се сретна со повредените војници и здравствените работници.

Zito akcija 640x289px

„Никогаш не сум бил против маски, но верувам дека тие имаат време и место“, рече тој кога ја напушти Белата куќа.

Agria

Тој претходно изјави дека нема да носи маска и го исмеваше демократскиот ривал Џо Бајден за тоа.

Но, во саботата тој рече: „Мислам дека кога сте во болница, особено во тој конкретен амбиент, каде разговарате со многу војници и луѓе кои, во некои случаи, само што се симнаа од салите за операција, мислам супер е да носите маска “.

Промената на тонот уследи откако САД во саботата регистрираа 66.528 случаи на коронавирус, што претставува нов дневен рекорд.

Од почетокот на пандемијата на Ковид-19 во САД, во која до сега се заразени повеќе од 3,2 милиони Американци, Трамп ги одбиваше препораките на епидемиолозите за носење маска во јавност.

Извор: bbc.com

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: