Поранешниот американски претседател и потенцијален републикански кандидат за претседателските избори во 2024 година, Доналд Трамп му вети на својот електорат дека ќе ја запре војната во Украина за 24 часа, доколку повторно биде избран.
Трамп рече оти Путин почнал да распоредува единици на границата со Украина по „катастрофата“ со „негово исфрлање од Белата куќа“. Тој ја обвини администрацијата на Џо Бајден дека ниту не се обиде да преговара со рускиот претседател.
„Ќе имам договор за 24 часа. Стојам пред вас и јас сум единствен кандидат кој дал вакво ветување. Ќе застанам на патот на Третата светска војна кон која се движиме“, рече Трамп.
Можеби ќе ве интересира