Продолжува трендот на намалување на активниот број на заболени од ковид-19 во Велес. Во ковид статистиката на Министерството за здравство во Велес се регистрирани пет нови случаи на ковид-19, а оздравени се 10 пациенти. Бројот на активни случаи во Велес е 382 пациенти.
Во последните 24 часа се направени 3.108 тестирања, а регистрирани се 198 нови случаи на КОВИД-19 во: Скопје – 76, Куманово – 25, Битола – 11,Прилеп – 10, Тетово – 9, Кичево – 7, Струга и Радовиш – по 6, Велес, Охрид, Штип и Струмица – по 5,Виница – 4 ,Неготино, Ресен и Берово – по 3, Гостивар, Кавадарци, Гевгелија, Свети Николе и Македонска Каменица – по 2, Кочани, Крива Паланка, Пробиштип, Валандово и Кратово – по 1.
Регистрирани се 333 оздравени пациенти, пријавени се вкупно 12 починати лица: 6 од Скопје (48г,62г,69г,75г,78г, 84г,), по 2 лица од Гостивар (58г и 70г), и по 1 починато лице од Куманово (68г), Кавадарци (74г), Виница (66г) и Крушево(37г), Од пријавените, сите 12 лица се починати во болнички услови.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 153.891, бројката на оздравени пациенти е 137.664, на починати е 5.079, а бројот на активни случаи изнесува 11.148.
Можеби ќе ве интересира: