Трендот на намалување на новозаболени од ковид-19 продолжува

Korona Makedonija

Бројот на новозаразени од ковид-19 од ден на ден се намалува. Денес се направени 1253 тестирања, а регистрирани се 296 нови случаи на ковид-19 во Македонија. Велес бележи нови 16 позитивни случаи на коронавирусот. со што бројката на активни случаи е 520.

Zito akcija 640x289px

Состојбата по градови на новозразразени е следната:Скопје-90, Куманово-19, Дебар-9, Штип-13, Прилеп-23, Тетово-14, Струга-9, Велес-16, Битола-9, Охрид-15, Кавадарци-12, Гостивар-4, Гевгелија-7, Струмица-17, Крива Паланка-4, Радовиш-1, Кочани-3, Пробиштип-1, Демир , Хисар-2, Валандово-3, Виница-2, Делчево-1, Свети Николе-2, Кичево-2, Ресен-9, Неготино-9. 

Agria

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 511 оздравени пациенти, починати се 18 лица, двајца пациенти од Скопје (59 и 54г), тројца од Штип (49, 82 и 68г), еден пациент од Прилеп (81г), еден од Тетово (64г), еден од Струга (65г), еден од Велес (65г), еден од Битола (61г), еден од Охрид (84г), еден од Кавадарци (75г), двајца пациенти од Гостивар (73 и 52г), еден од Струмица (57г), еден од Крива Паланка (75г) и двајца пациенти од Кичево (82 и 68г). Пациентите се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 81721, бројката на оздравени пациенти е 59231, на починати е 2445, а бројот на активни случаи изнесува 20045.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/17006/video-video-za-2020-godina-od-koe-ke-se-naezhite/