Велешкиот фудбалски вторлигаш, Борец, го именува Никола Коки Аврамовски за нов шеф на стручниот штаб. Тој доаѓа во тандем со Туш Зефич кој ќе биде негов прв асистент. Аврамовски дебито на клупата ќе го има на натпреварот против Детонит во Радовиш следниот викенд.
Од клубот официјално им се заблагодарија на старите тренери Петров Благој и Тодоровски Димче за соработката.
Содржината продолжува под рекламата
Двајцата од денес ја преземаа должноста и ќе го одржаа првиот тренинг со тимот. Промената доаѓа по серијата лоши резултати на тимот, по кое Борец се наоѓа на последното место на табелата без ниту еден освоен бод и со негативна гол разлика од минус 26 гола.
Можеби ќе ве интересира: