Трет ден нема регистриран случај на ковид-19 во Велес

Veles Maj 2021

Во ковид статистиката на Министерсвото за здравство , денес во Велес нема регистрирано нов случај на коронавирус, а нема регистрирано ниту оздравени. Активниот број на случаи во градот е 61.

Zito akcija 640x289px

Во последните 24 часа се направени 2.691 тестирања, а регистрирани се 53 нови случаи на КОВИД-19 во:, Скопје – 29, Прилеп – 7, Куманово – 4, Битола, Гостивар, Охрид и Кичево – по 2, Тетово, Кочани, Радовиш, Берово и Валандово – по 1.

Agria

Регистрирани се 111 оздравени пациенти, пријавени се вкупно 13 починати лица: 5 лица од Скопје (51г,63г,68г,81г и 88г), 3 лица од Струмица (62г,74г и 88г), 2 лица од Битола (68г и 82г) и по едно лица од Тетово (71г), Гостивар (80г) и Струга (81г).

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.169, бројката на оздравени пациенти е 147.301, на починати е 5.369, а бројот на активни случаи изнесува 2.499.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/21102/mladite-rakometari-na-borecz-go-sovladaa-liderot-prespa/