Ракометарите на Борец ја забележаа и третата победа, овој пат на домашен терен, совладана е екипата на Јехона од Гостивар со резултат 27:22. Со оваа победа Борец ги задржа шансите за пласман во плеј офот на Првата ракометна лига.
Натпреварот го одбележа повредата на Сиљанов, кој до моментот на повредата беше најефикасен на теренот со осум постигнати погодоци. За одбележување е и слабата арбитража на судиите Андонов и Јовановски кој непотребно ја креваа тензијата како на теренот, така и во публиката.
Содржината продолжува под рекламата
После почетните 3:3 следуваше добра игра на Борец во одбрана што резултираше со три украдени топки и брзи голови од контра за водство од 6:3. Но ракометарите на Јехона возвратија и во 20. минута беше 7:7. Во последните десетина минути од првиот дел повторно доминираше Борец, пред се играше добро во одбраната и на полувреме замина со највиската преднсот од четири гола 13:9.
Содржината продолжува под рекламата
Во вториот дел гостите се обидуваа да го намалат резултатот, но цврстата игра во одбраната на велешани не го дозволи тоа. Најефикасен на мечот беше Филип Сиљанов во тимот на Борец кој постигна осум гола, а шест гола постигна Кристијан Ристов. Во тимот на Јехона по пет гола постигнаа Михајло Живкоски и Адис Салиу.
Можеби ќе ве интересира: