30 years Kozuvcanka Web Banner_600x200

Трето полувреме на натпреварот Башкими-Младост Кривогаштани

Bashkimi Mladost

Натпреварот од Третата фудбалска лига – Југ, помеѓу екипите на Башкими од село Горно Јаболчиште и Младост од Кривогаштани, кој се одигра на стадионот во населба Чашка имаше и трето полувреме. Двајца фудбалери од двете екипи пријавиле дека се физички нападнати.

Zito akcija 640x289px

„На 09.03.2025 во 21.10 часот во Полициската станица Крушево, В.П.(30) од Крушево пријавил дека околу 15.35 часот за време на одигрување на првенствен фудбалски натпревар од Трета лига Југ на стадионот во населба Чашка помеѓу екипите на ФК Башкими 2008 од с. Горно Јаболчиште и ФК Младост 1930 од с.Кривогаштани, тој како играч на ФК Младост 1930 бил физички нападнат од В.Ј.(29) од с.Горно Јаболчиште – играч на домашната екипа ФК Башкими 2008“, информираа од СВР Велес.

Agria

Во врска со настанот, на 10.03.2025 во СВР Велес и В.Ј. пријавил дека за време на натправерот бил физички нападнат од В.П.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: