Екипата на Превалец со победа ги заврши подготовките за новата сезона во Третата лига Југ, која треба да започне веќе наредниот викенд. На стадионот во населба Превалец тие беа подобри од екипата на Марена со резултат 3:1.
Ова беше последен тест пред стартот на сезоната, а стрелци на головите за Превалец беа Ристе Крстев, Антонио Чоков и Жарко Ѓорѓиевски.
Содржината продолжува под рекламата
Новата сезона започнува во недела на 27 февруари, а фудбалерите на Превалец во првото коло ќе ја пречекаат екипата на Напредок од Крушеани.
Можеби ќе ве интересира: