Двајца пациенти од Велес на 59 годишна возраст и едно лице од Свети Николе на 66 годишна возраст се починати во велешкиот ковид центар.
Во велешкиот ковид центар (инфективно, интерно и модуларна болница) се наоѓаат вкупно 63 пациенти, од кои 28 добиваат кислородна поддршка. 43 од нив имаат позитивни ковид тестови, седум се сомнителни на вирусот , додека 13 се со негативен тест но задржани на болничко лекување.
Содржината продолжува под рекламата
На инфективното одделение се сместени 37 пациенти, на интерното одделение се сместени 11 пациенти, додека во модуларната ковид болница, се хоспитализирани 15 пациенти.
Содржината продолжува под рекламата
Денес се испишани 10 пациенти како оздравени со по еден негативен тест.
Можеби ќе ве интересира: