Полициски службеници од СВР Велес лишиле од слобода три малолетни лица од Велес кои биле затекнати во раните утрински часови при обид да извршат кражба во центарот на градот.
„Три малолетни лица од Велес биле затекнати при обид да извршат кражба во паркирани патнички возила и кај нив бил пронајден алат со кој требало да ги извршат делата„, соопштија од СВР Велес.
Лицата биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.
Можеби ќе ве интересира: