Три нови случаи позитивни на коронавирис во Велес во последните 24 часа. Од направените 1653 тестирања, а регистрирани се 173 нови случаи на ковид-19.
Најмногу во Скопје 75 , 14 во Струга, десет во Охрид, по девет во Куманово и Тетово, осум во Штип, седум во Гостивар, по шест во Дебар, Прилеп и Свети Николе, четири во Кочани, по три во Велес, Кавадарци, Кичево и Ресен, два во Гевгелија и по еден случај во Струмица, Крушево, Пробиштип, Берово и Валандово.
Институтот за јавно здравје регистрирал 150 оздравени пациенти, односно, 105 од Скопје, 12 од Тетово, десет од Струга, седум од Штип, пет од Кочани, четири од Охрид, два од Неготино и по еден од Куманово, Велес, Гостивар, Струмица и Пробиштип.
Министерството за здравство денеска информираше дека во последните 24 часа од Ковид-19 починале 15 лица, односно, осум од Скопје, по двајца пациенти од Тетово, Струга и Гостивар и еден пациент од Охрид. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починале три лица, на возраст од 64,73 и 80 години.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 6625, бројката на оздравени пациенти е 2748, на починати е 321, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3556.
Можеби ќе ве интересира: