Тројца борачи на Борец повикани во репрезентацијата за Балканското првенство во Скопје

Borec boraci U15

Од 3 до 6 октомври, во Скопје ќе се одржи Балканското првенство за пионери, кадети и младинци во борење слободен стил. Во репрезентацијата на Македонија се повикани тројца борачи од Боречкиот клуб Борец.

Содржината продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

„Боречкиот клуб Борец ги одработи базичните подготовки во спортската сала „Гемиџии“ во пресрет на новата боречка сезона. Од нашиот клуб, тројца борачи, Левче Картинов во категорија до 62 килограми, Аце Јовановски во категорија до 55 килограми и Никола Петрушевски во категорија до 75 килограми, се повикани на припреми и преборување на припремите кои ќе се одржат во Штип, по што ќе се знае составот на репрезентацијата за Балканското првенство“, изјави тренерот на клибот Игор Мицевски – Скакарот.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Тој воедно и го најави традиционалниот меѓународен боречки турнир „Листон 2024“ кој ќе се одржи на 12 Октомври во Велес

Можеби ќе ве интересира: