Спортскиот портал „Спорт медиа“ традиционално го избра тимот на 9 коло од Првата македонска фудбалска лига. По големата победа над Македонија Ѓ.П. во Велес, тројца фудбалери на Борец се најдоа во најдобрите 11 за минатата недела.
Голман на колото е избран чуварот на мрежата на Борец Бурхан Мустафа, кој го одбрани пеналот на Калид, а имаше и неколку клучни интервенции. Во тимот на колото се најде и стоперот на велешани Никола Ристески, кој е одличен на секој натпревар, на мечот против Македонија Ѓ.П. го одигра маестрално, неутрализирајќи ги нападите на „ѓорчепетровци“. Иако одигра неполни 30 минути, место во тимот на колото има и за Оливер Пеев, стрелецот на водечкиот гол за Борец и човекот кој по влегувањето во игра, беше инспиратор за победата.
По девет одиграни кола, Борец се наоѓа на чевртото место на табелата со 15 освоени бода и има скор од четири победи, три нерешени средби и два порази. Во следното коло, во недела, борец гостива во Струмица, на „фенерџијата“ Беласица, во натпревар во кој трите бода се императив за велешани.
Можеби ќе ве интересира: