Тројца малолетници истепале две малолетни девојчиња вчера, пред спортската сала „Гемиџии“ во Велес. Инцидентот се случил вчера околу 16:15 часот, а во полиција го пријавил таткото на едно од нападнатите девојчиња, кои биле во роднинска врска.
„На 30.09.2020 во Полициската станица Велес, Т.П.(32) од Велес пријавил дека околу 16.15 часот пред спортска сала „Гемиџии“ три малолетници физички ги нападнале неговата малолетна ќерка и неговата малолетна внука, рече Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес“.
Полицијата работи на расчистување на случајот.
Можеби ќе ве интересира: