ТВ21: Зибери ќе биде нов народен правобранител

Naser-Ziberi_28
Naser-Ziberi_28

ТВ21 неофицијално дознава дека кандидатот за премиер од редовите на ДУИ, Насер Зибери ќе биде назначен за народен правобранител на Македонија. Официјална потврда од Зибери сè уште нема но извори на ТВ21 велат дека Зибери ќе биде наследник на Иџет Мемети чиј мандат истекува во декември 2020.

Zito akcija 640x289px

Според Уставот народен правобранител се бира од Собранието со 8 годишен мандат. ДУИ во предизборната кампања го претстави Насер Зибери како кандидат за иден премиер на земјава. Лидерот на ДУИ, Али Ахмети на прес конференција по состанокот на партискиот совет на 19 август, на прашањето што ќе биде со Насер Зибери, изјави:

Agria

„Вие сите знаете дека г. Зибери е нотар и ја продолжува својата дејност како нотар до моментот кога ќе се договориме за одредена важна одговорност која се однесува на неговата професија“.

Актуелниот народен правобранител Иџет Мемети на оваа позиција дојде во 2004, а во 2012 мандатот му беше продолжен за уште 8 години

Извор: tv21

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: