Синоќа во 19.20 часот, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода З.С.(37) од село Оморани, општина Чашка, поради сомнение дека од објект на улица „Благој Ѓорев“ во Велес одзел женска чанта, сопственост на К.П., во која имало пари, лични документи и предмети.
Предметите биле пронајдени и вратени на сопственичката, а З.С. бил приведен во полициска станица.
Известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Можеби ќе ве интересира: