Велешанец на 35-годишна возраст е уапсен под сомнение дека поткупувал гласачи. Полицијата го уапсила синоќа околу 21:30 часот на улица “Стефан Богоев”, во близина на црквата “Света Богородица”.
“На 13.07.2020 во 21.30 часот во Велес, на ул.„Стефан Богоев“, од полициски службеници од СВР Велес, во врска со кривично дело по член 162 од Кривичниот законик – „поткуп при избори и гласање“, од слобода бил лишен А.М.(35) од Велес”, соопшти Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.
По распитот, А.М. е пуштен дома. Според извори на Батали.нет, кај него се пронајдени пари, за кои полицијата се сомнева дека биле наменети за поткуп на гласачи.
Полицијата презема мерки за целосно расчистување на настанот.
Можеби ќе ве интересира: