На 18.06.2022 во 21.00 часот на автопатот Гевгелија –Скопје, на наплатна станица Смоквица, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин „Богородица“ ги лишиле од слобода Д.С.(20) и М.И.(36), двајцата од Велес.
При преглед во товарно возило „цитроен“ со прилепски регистарски ознаки, кое го управувал Д.С., а сопатник бил М.И., биле пронајдени 26 лица илегални мигранти од Сирија.
Содржината продолжува под рекламата
Тие биле приведени во полициска станица, а мигрантите биле спроведени во Транзитен центар „Винојуг “ во Гевгелија. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Можеби ќе ве интересаира: