Уапсени се лихвари кои насилно ги наплатувале позајмиците

Negotino

Секторот за внатрешни работи Велес разби организирана криминална група од Неготино, која изнудувала пари од граѓани со високи камати.

Zito akcija 640x289px

“На 13.08.2021 од Одделот за криминалистичка полиција – Секторот за економски криминал и корупција и Секторот за општ и насилен криминал, во координација со Оддел за специјални полициски операции и со СВР Велес, лишени се од слобода П.М.(22), Д.П.(23), Ј.К.(21) и В.З.(24), сите од Неготино.

Agria

По претходно добиена судска наредба од Основен суд Кавадарци, по преземени мерки и активности бил извршен претрес во домовите на овие четири лица, поради постоење основано сомнение за сторени кривични дела „лихварство“, „изнуда“, „загрозување на сигурноста“ и „предизвикување на општа опасност“, при што, биле
пронајдени повеќе предмети од извршените кривични дела.

Имено, пријавените давале пари на заем со писмени и усмени договори и притоа за себе договарале несразмерно високи камати, со цел противправно да се стекнат со материјална корист. За да ја постигнат целта користеле закани, физичка сила, а на 09.08.2021 запалиле и патничко возило, со што предизвикале пожар и општа опасност по околината.

Против нив СВР Велес поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство во Кавадарци по чл.260, чл.258, чл.144 и чл.288 од Кривичниот законик, а од странана Основен суд Кавадарци им е одредена мерка притвор.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/22952/josip-barton-glaven-sudija-na-natprevarot-borecz-tikvesh/