Убави вести: Голема бројка на оздравени пациенти од коронавирусот, бројот на починати се намалува

Veles noke noemvri
Veles noke noemvri

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа, направени се 2.831 тестирања, а регистрирани се 298 нови случаи на ковид-19 во:

Zito akcija 640x289px

Скопје – 145, Кавадарци – 23, Прилеп – 17, Битола – 14, Кичево – 13, Штип, Охрид и Струмица – по 9, Куманово и Ресен – по 8, Тетово – 6, Гевгелија – 5, Велес , Кочани и Радовиш – по 4, Крива Паланка, Виница и Валандово – по 3, Делчево и Македонска Каменица – по 2, Гостивар, Неготино, Свети Николе, Пробиштип, Кратово, Демир Хисар и Македонски Брод – по 1, а регистрирани се 6 починати лица, по едно починато лице од Прилеп  (60г), Велес (68г) , Скопје (69г), Кратово (55г), Демир Хисар (57г)  и Охрид (55г). Од пријавените, сите се починати во болнички услови.

Agria

Во изминатите 24 часа се регистрирани и 335 оздравени пациенти и тоа од:

Скопје – 165, Битола – 25, Кавадарци – 22, Прилеп – 15, Кочани – 12, Куманово и Охрид – по 10, Ресен и Радовиш – по 9, Велес – 8, Штип – 7, Тетово, Крива Паланка и Делчево – по 6, Демир Хисар – 5, Берово – 4, Кичево -3, Гостивар, Неготино и Македонска Каменица – по 2, Струмица , Гевгелија, Виница, Пробиштип, Крушево , Македонски Брод и Пехчево – по 1.

Досега во земјата се направени вкупно 1.512.496 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 220.467, бројот на оздравени пациенти е 207.238, на починати е 7.778, а бројот на активни случаи изнесува 5.451.

Според дистрибуцијата состојбата на активни случаи со коронавирусот во Велес во моментов изнесува 176 лица.

Moжеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: