Убавка Јаневска и Даниела Саздова добитници на наградата на ЗНМ за истражувачко новинарство од локално и регионално значење за 2021 година

По повод 76-годишнината од формирањето на Здружението на новинарите на Македонија, денеска беа доделени годишните новинарски награди на ЗНМ.

Zito akcija 640x289px

Во своето поздравно обраќање Претседателот на ЗНМ Младен Чадиковски кажа дека оваа година имаше навистина голем број на апликанти за наградите на ЗНМ, најголем до сега. ,,Токму затоа, комисијата беше ставена пред голем предизвик при селекцијата на добитниците. Четири колешки беа наградени и навистина верувам дека после долга темелна опсервација и дискусија на пријавите, направен е вистинскиот избор. Им честитам на сите наградени, а би сакал да се заблагодарам на сите учесници во конкурсот и да им честитам за нивните стории.”, рече Чадиковски.

Agria

Оваа година наградата „Крсте Петков Мисирков“ за животно дело е доделена на новинарката Јадранка Костова долгогодишна, реномирана новинарка, уредничка на „Фокус“. Александар Чомовски како претседател на Комисијата за избор на наградите за 2011 година за Костова истакна дека таа во текот на целата кариера се води од премисата дека критиката треба да биде насочена кон власта, односно кон оние кои ја поседуваат моќта, а власта ги расипува. „Јадранка се вбројува како дел од врвните новинарски и уреднички имиња во македонските медиуми, со промоција на демократските вредности и негување и почит на новинарските стандарди, го одбележа медиумскиот простор на свој оригинален творечки начин“, кажа Чомовски.

Во своето обраќање пред присутните Костова рече:

,,Оваа награда ја доживувам како двојна награда, да се биде во служба на јавниот интерес и да се биде контролор на секоја власт. Во мојата кариера особено важно ми било да имам добaр тим и добра редакција, со тоа успехот е неминовен”, истакна Костова.

Наградата „Јашар Еребара“ за годишно истражувачко новинарство во конкуренција од 27 апликации ја доби новинарката од дигиталната платформа СДК.мк Соња Колевска Делевска за серијата на текстови во кои хронолошки се евидентира тешкото кршење на човековите права на едно 19 годишно момче насловена ,,Матурантот Тони Сали по 15-годишна битка почина, неуспевајќи да ја добие битката со државата за добие лични документи”. Колешката Делевска во своето обраќање  се заблагодари на редакцијата на СДК.мк за поддршката, ама и за тоа развиено чувство да се препознаат вакви приказни и да им се даде предност. ,,Темите за човекови права станаа наш препознатлив бренд, ние ќе продолжиме во таа насока, особено да ги третираме проблемите на луѓето. Ќе бевме сите многу среќни ако сега покојниот матурант Тони Сали стоеше овде со нас, а ние му честитавме на добиен матичен број и лични документи. Редакцијата на СДК.мк ќе се бори никогаш повеќе да не се повторат вакви случаи на тешко кршење на правата на граѓаните, и да нема веќе вакви приказни”, истакна Делевска.

Од пристигнатите вкупно 11 пријави за наградата за Новинарско известување на теми од локално и регионално значење, Комисијата за избор на годишните награди одлучи да ја додели оваа награда на новинарките Убавка Јаневска и Даниела Саздова за истражувачката приказна ,,Жителите на Речани се жалат на загадување, ЈП ,,Македонија пат” тврди дека не ги загадува” од медиумот Дума.мк. Станува збор за истражувачка приказна која е медиумско истражувачки издржан медиумски прилог кој истовремено е и повеќе слоен прилог. Колешката Јаневска јавно се заблагодари за напорите на ЗНМ преку оваа награда да ги поддржува и поттикнува медиумските работници од внатрешноста да известуваат за важни теми од локално значење.

На јавниот конкурс оваа година во предвидениот рок, вкупно беа поднесени 43 апликации за награди за сите три категории, а членови на Комисијата за избор на наградите беа новинарите Александар Чомовски како претседател и како членови Слободанка Јовановска и Сенад Зулбеари. Здружението на новинарите на Македонија искажува голема благодарност до сите заинтересирани новинари за овогодинешниот конкурс.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: