„Убиства се потребни, ќе ја срушиме северномакедонската влада“ пишувало во заканата за бомба во Куманово

Onlajn nastava prazna ucilnica

„Жал ни е за тоа што невини луѓе мораат да страдаат“; „Нашите очи се вперени на премиерот на Северна Македонија и неговата партија“, се дел од заканите во пораката

Zito akcija 640x289px

Закани дека ќе бидат убиени невини луѓе, но и дека ќе биде срушена „северномакедонската влада“, може да се прочитаат во содржината на електронската порака со дојава за бомба која утрово пристигнала во девет основни и едно средно училиште во Куманово.

Agria

Содржината ја објави порталот „Кумановски муабети“ и во неа директно се споменуваат премиерот и неговата партија.

„Нема да се криеме. Убиства се потребни. Ние ќе убиеме. Потребно е уништување. Ние ќе уништиме. Жал ни е за тоа што невини луѓе мораат да страдаат. Не постои друг начин. Ќе ја срушиме северномакедонската влада. Нашите очи се вперени на премиерот на Северна Македонија и неговата партија. Ќе ги убиеме сите“,стои во електронската порака што ја објави „Кумановски муабети“. Од објавеното може да се види дека пораката е испратена од електронската адреса [email protected], а нејзиниот наслов бил „Експлозивен уред е поставен во училиштето“.

Текстот на „Кумановски муабети“ и фотографија од пораката можете да погледнете ТУКА.

Советот за координација на разузнавачките служби ќе ја разгледува ситуацијата со дојавите за бомби, најави Спасовски.

Извор на веста Libertas

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/34843/direktorot-na-veleshka-gimnazija-dobil-audio-snimka-od-seks-megu-profesor-i-devojche/