Ноќеска околу 2 часот по полноќ во Кавадарци се случил инцидент во кое едно лице на возраст од 59 години е прободено со земјоделска алатка вила. Извори од истргата потврдуваат дека неколку лица се приведени.
“На 16.11.2021 околу 04.30 часот во Кавадарци, полициски службеници од Полициската станица Кавадарци го лишиле од слобода Х.С.(45) од Кавадарци. Тој се сомничи дека околу 23.30 часот, при физичка пресметка помеѓу повеќе лица на ул.„Методија Џунов“ во „Брушанско Маало“ во Кавадарци, при што биле употребени остри и тврди предмети, со остар предмет му нанел убодна рана на З.П.(59) од Кавадарци, кој подоцна починал во болницата во Кавадарци” соопрштија од МВР.
Содржината продолжува под рекламата
Причината за инцидентот е семејна расправија во врска со старателство на дете. Расправијата прераснала во физичка пресметка во која се користеле разни предмети, а настраданиот бил прободен со вила.
Можеби ќе ве интересира: