Учениците кој претстојуваат во велешкиот интернат „Лазар Лазаровски денеска донесоа огромна радост кај дечињата кои се наоѓаат во моментов на лекување во велешката болница. Тие, заедно со нивните наставници направија убав гест и ги покажаа своите хумани вредности. Им подарија пакетчиња на сите деца, а оставени се и пакетчиња за првото бебе кое ќе се роди во новата година.
Учениците сами ја развија оваа идеја, секој ученик учествуваше со свој финансиски удел, се со цел да ги израдуваат најмалите во велешката болница.
Директорот Марјанчо Јорданов вели дека е особено горд на проектот „Од дете за дете“ на учениците од интернатот „Лазар Лазаревски“.
„Ми причинува особена чест што од млади луѓе кои ги користат услугите на средношколскиот интернат во Велес се иницираат вакви иницијативи. Што тие волонтерски ги реализираат и што се поддржани од воспитувачите како и од сите останати вработени во институцијата. Мислам дека солидарноста којашто ја покажуваат средношколците е за секоја почит. Таа е резултат и на бројни разговори што воспитувачите ги водат со нив. И воопшто не е значајно дали се учествува со симболични средства за да се реализира иницијативата туку дека за таа да биде успешна придонес дава секој од нашата интернатска заедница. Така функционираме и горди сме на се што средношколците подготвуваат во слободното време. Им благодарам што на дело ги покажуваат нивните хумани вредности, рече директорот Марјанчо Јорданов.
Активностите на средношколците не запираат тукa. Тие веќе утре ќе поделат и пакетчиња на децата од Дневниот центар за попречености.
Можеби ќе ве интересира: