Училишното ѕвонче означи старт на учебната година за 245 илјади ученици, во Велес 101 прваче помалку

Денеска училиштното ѕвонче го означи почетокот на новата учебна 2025/2026 година за вкупно 245 илјади ученици ширум земјата, меѓу кои 177.800 основци и 67.200 средношколци.

Според податоците доставени до Министерството за образование, оваа година во прво одделение се запишани 17.250 првачиња, додека 17.230 ученици започнуваат со прва година во средното образование.

Agria

Загрижувачки демографски трендови повторно се потврдуваат и годинава. Во Велес, во прво одделение ќе тргнат 556 првачиња, што претставува намалување од 101 ученик во споредба со минатата година.

Наставната година за сите ученици од основното и средното образование ќе трае до 10 јуни 2026 година. Исклучок се учениците од завршните години во средното образование, за кои наставата ќе заврши на 15 мај.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: