Угледна „Марка“ тврди дека Роналдо веќе го има новиот клуб, го добива најголемиот договор во историјата на фудбалот

Мадридска „Марка“ во своето денешно издание објавува дека Кристијано Роналдо веќе го има новиот клуб каде ќе ја продолжи својата кариера, а се работи за саудискиот Ал Наср!

Zito akcija 640x289px

Португалецот, кој по контроверзното интервју беше избркан од Манчестер јунајтед среде сезона, во Саудиска Арабија би заработувал 200 милиони евра по сезона, што е убедливо најголем договор во историјата на фудбалот. Саудијците му подготвиле договор на две и пол години соработка.

Agria

„Роналдо нема избор. Ниту еден европски тим не може финансиски да се доближи до Ал Наср, а не можат ниту МЛС-клубовите од САД. Затоа ова е клубот каде сосема извесно ќе ја продолжи кариерата“ – пишува „Марка“, медиум кој е близок на агентот на Роналдо, Жорге Мендес.

„Марка“ наведува дека Роналдо веќе се согласил на понудата од Ал Наср, клуб кој е од Ријад, а го води поранешниот тренер на Рома, Руди Гарсија. Најголеми ѕвезди во тимот се голманот Оспина и поранешниот играч на Вилјареал, Алваро Гонзалез.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/34496/ibrahimovik-do-ronaldo-zatoa-ten-hag-te-izbrka-sakashe-se-da-se-vrti-okolu-tebe/