Угостителите бараат дополнителни мерки за спас на бизнисот

Групацијата на угостители бара од државата, како што велат, спас на дејноста. Барањата до властите ги поддржаа повеќе од илјада угостителски објекти , во кои работат без малку 30 илјади лица. Велат дека не се задоволни од досега понудените мерки. Бараат од Владата, што поскоро да каже дали планира дополнителни мерки за спас, за да може вработените кои ќе бидат одјавени, да аплицираат за други мерки за помош. Угостителите од своите залихи на храна понудија да обезбедат оброци за лицата во изолација, за полициските пунктови и за сите оние на кои ќе им биде потребна храна во овие кризни денови.

Zito akcija 640x289px
ugostiteli

Угостителите предлагаат конкретни решенија: субвенционирање на минимална бруто плата за вработените додека траат превентивните мерки, одложување на наплатата на даночни обврски и аконтации во наредните шест месеци, замрзнување и репрограм на обврските по кредити и камати како и други доспеани обврски кон банките до завршување на кризата, да профункционира итно и без одложување отворањето на кредитните линии со субвенционирана камата, да не се применува Законот за финансиска дисциплина во наредните три до пет месеци, да има одложено плаќање на сите режиски трошоци до завршување на пандемијата, да нема исклучувања поради неплаќање вода, струја и други основни услуги, како и да не се наплаќа персонален данок и ДДВ за кириите.

Agria

„Малите и средните претпријатија до 50 вработени, семејните компании и претприемачите се најпогодени од новите состојби предизвикани од Ковид-19. Субјектите со претежна дејност угостителство ставија клуч на врата по донесената уредба од Владата за затворање како резултат на опасноста од ширење на вирусната инфекција. Здравјето на граѓаните е најважно, но не смее да се дозволи да пропадне оваа дејност и луѓето вработени во овој сектор сред здравствена криза да останат без никаков приход за да се прехранат“, рече Мартин Ангеловски од Групацијата за угостителство при Сојузот на стопански комори.