Инспекторите биле во засилена контрола за време на продолжениот викенд, за да видат на терен дали се почитуваат мерките за заштита од корона вирусот.
Од направените надзори во Штип, Тетово и Велес не се утврдени прекршувања. Констатирано е дека во целост се почитуваат владините уредби.
Поднесени се пет кривични пријави за непочитување на протоколот за работа на угостителските објекти во услови на ковид 19 од кои три во Струга, една во Пониква, Кочани, и една во Маврово.