Уницеф: Да се продолжи со идентификување на невакцинираните деца и да се вакцинираат

deca i roditeli na odmor

Перцепцијата на јавноста за важноста од рутинската вакцинација на децата е намалена во Македонија од почетокот на пандемијата на Ковид-19, покажува новата анализа на податоци за 55 земји од светот, од кои 29 се наоѓаат во Европа и Централна Азија, вклучувајќи ја и нашата држава.

Содржината продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

Анализата е дел од новиот глобален извештај што уницеф го објави денеска. Според податоците од 2021 година, извештајот посочува дека во Европа и Централна Азија, второто место на негативната ранг листа на земји според бројот на деца со „нула дози“ го делат Македонија, Босна и Херцеговина и Киргистан – 11 отсто од децата помали од една година, по Молдавија, каде оваа стапка изнесува 13 проценти. Терминот „нула дози“ се однесува на децата кои немаат примена никаква вакцина.

Agria

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/37886/namaluvane-na-benzinot-poznati-novite-czeni/