Универзитетот Гоце Делчев ќе врши упис онлајн

Upisi UGD

Од среда почнува поднесувањето документи за упис на штипскиот универзитет. Документите ќе се поднесуват онлајн. Од универзитетот велат дека така ќе го намалат метежот што вообичаено го има при уписите во Август. Идните студенти ќе треба да се регистрираат во системот, да ги скенираат сите потребни документи, по што ќе го чекаат конечното рангирање.

Zito akcija 640x289px

Последната генерација средношколци поради пандемијата со корона вирус ќе може да се запише без државна, но нема да има упис на оние од претходните години што имаат положено само училишна матура.

Agria

“Системот е така сетиран да тие ги внесуваат своите оцени, и ќе се рангираат без разлика дали имаат државна матура или немаат. затоа што ние и претходно имавме студенти од 2007/08 година кои немаа државна матура, и тие во ниеден случај не беа оштетени при рангирањето. Така да и овие досега ќе немаат никакво оштетување.” Изјави Проректорот Мишко Џидров.

Неизвесноста со ширењето на корона вирусот може да го намали интересот на странски студенти да учат во Штип. Вообичаено нивната бројка е околу 20%  од запишаните студенти. Од УГД се оптимисти дека поголем дел од оние што лани учеле македонски јазик годинава ќе аплицираат за упис независно дали во меѓувреме се вратиле во своите земји. Се чекаат насоки како би се организирале приемни испити за факултетите каде има поголем интерес, но интерните тестирања ќе се спроведат согласно здравствените протоколи.

“Тука кај нас трите академии организираат нивни тестирања. Тие ќе бидат спроведени во текот и во летниот период, но и кога ќе почнат уписите, но таму се помали групите и ќе мора тоа да го спроведеме ка дел од нивните уписи.” Изјави Проректорот Мишко Џидров.

Со конкурсот објавен минатата недела на штипскиот универзитет може да се запишат 3800 студенти, а предвидени се и 60 стипендии за сите оние што ќе се запишат на Филолошкиот факултет во Штип, пред се на катедарата за македонски, но и катедрите на другите јазици како француски, италијански, германски, англиски и турски.

Генерално се очекува годинава да се запишат помал број студенти затоа што има само 13 000 завршени средношколци наспроти други години кога бројката била и до 19 000.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/7481/konczertite-se-vrakaat-vo-makedonija-po-protokoli-za-kovid-19-i-zadolzhitelno-nosene-maski/