Универзитетот Оксфорд го паузираше тестирањето на вакцината против коронавирусот

Универзитетот „АстраЗенека – Оксфорд“ ова го опиша како „рутинска“ пауза во случај на „необјаснета болест“. Исходот од испитувањата за вакцини внимателно се следи низ целиот свет.

Zito akcija 640x289px

Вакцината на универзитетот „АстраЗенека – Оксфорд“ се смета за силен кандидат меѓу десетици кои се развиваат на глобално ниво. Големи се надежите дека вакцината може да биде една од првите што ќе се појави на пазарот.

Agria

Тестирањето во фаза 3 во последните неколку недели вклучи околу 30 000 учесници во САД, како и во Велика Британија, Бразил и Јужна Африка. Испитувањата во фаза 3 кај вакцините често вклучуваат илјадници учесници и може да траат неколку години. Големи се надежите дека оваа вакцина може да биде една од првите што ќе се појави на пазарот, по успешните тестирања во фаза 1 и 2.

„The New York Times“ известува дека на волонтер од Велика Британија му е дијагностициран „transverse myelitis“, синдром кој влијае на ’рбетниот мозок и може да биде предизвикан од вирусни инфекции. Сепак, причината за болеста не е потврдена и независна истрага ќе утврди дали е поврзана со вакцината.

Ова на прв поглед може да изгледа алармантно. Испитувањето за вакцини (и не било која вакцина, туку вакцина која добива огромно глобално внимание) е ставена во мирување поради сомневање за сериозна негативна реакција. Но, ваквите работи не се невидени, тимот од Оксфорд ова го опишува како „рутина“.

Тимот на Универзитетот Оксфорд верува дека овој процес илустрира дека тие се посветени на безбедноста на нивните волонтери и највисоките стандарди на однесување во нивните студии. Директорот на „Wellcome Trust“, Sir Jeremy Farrar, експерт за контрола на заразни болести, рече дека често имало паузи во испитувањата за вакцини.

Важно е сите негативни реакции да бидат сфатени сериозно, рече тој. И ја потенцираше важноста на „независниот надзор“.

„Клучно е сите тие податоци да се споделуваат отворено и транспарентно затоа што јавноста мора да има апсолутна доверба дека овие вакцини се безбедни и ефикасни, додаде Сер Џереми.

Повеќе детали на bbc.com.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/11911/kurcz-politikata-na-otvoreni-vrati-za-migrantite-beshe-pogreshna/