За упис во средно образование наредниот месец ќе има три пријавувања, почнувајќи од 14 јуни. Учениците кои се упатени на поправни испити, испит на година, испити за побрзо напредување може да се запишат во училиштата во кои има слободни места по јунскиот рок, поточно на 23 август, за што ќе достават доказна документација.
Конкурсот за упис во прва година во учебната 2021/2022 година, кој беше објавен на крајот на март, предвидува во 109 средни училишта вкупно 30 053 слободни места во 913 паралелки.
Од нив, 19 602 во стручно образование во 604 паралелки, 9261 во гимназиско образование во 274 паралелки и 1190 ученички места во 35 паралелки во уметничко образование, спортска академија, спортска гимназија и математичко-информатичка гимназија.
Можеби ќе ве интересира: