За време на викендот и во понеделник ќе бидеме под влијание на изразена циклонска активност со чести продори на влажни бранови. Времето ќе биде претежно облачно со пообилни врнежи од дожд, особено утре (над 30 л/м2), кои на места ќе бидат поројни, проследени со грмежи и силен ветер (над 80км/ч.). Температурата значително ќе се намали.
Времето денеска ќе биде сончево, со мала, до умерена облачност. Ќе дува умерен, а во западните делови повремено засилен ветер од југозападен правец. Кон крајот на денот во западните делови ќе има зголемена облачност со врнежи од дожд. Максималната температура ќе достигне до 31 степен.
За утре се очекува претежно облачно и нестабилно време, со пообилни врнежи од дожд (над 30 л/м2), кои на места ќе бидат поројни, проследени со грмежи и силен ветер (над 80км/ч.). Дневната температура ќе се движи во интервал од 14 до 24 степени.
Прогноза за недела, понеделник и вторник:
Можеби ќе ве интересира: