Уште двајца починаа од ковид-19 во велешката болница

Infektivno oddelenie Veles

Велешанец на 89-годишна возраст и еден пациент од Градско на 79-годишна возраст се најновите жртви на ковид-19. Тие починаа во велешката болница. Велешанецот почина синоќа, а утрово битката со висусот ја загуби пациентот од Градско. Синоќа почина уште еден пациент од Градско на 65-годишна возраст, со што најновиот биланс за денеска е тројца починати.

Zito akcija 640x289px

Толку починаа и вчера, со што овие два дена се “најцрните” за Велес, од почетокот на пандемијата, во кои се регистрирани вкупно шестмина починати.

Agria

За десет дена, во велешката болница од коронавирус починаа осум пациенти, од кои петмина велешани, двајца од Градско и еден од Свети Николе.

Во моментов на одделенеието се сместени 33 пациетни, од кои тројца се сомнителни на коронавирус, а 30 се со потврден позитивен тест. Дури половина од нив, односно 15 се на кислородна поддршка.

Во Велес има 122 активни случаи на ковид-19. Од почетокот на епидемијата до сега во градот се регистрирани 458 заразени. Од нив 22 пациенти ја загубија битката со вирусот.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: